Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2022 година, изнесува 32.553 денари, додека просечната месечна исплатена бруто-плата за истиот месец е 48.744 денари, соопшти Државниот завод за статистика.
Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември 2022 година, во однос на септември 2021 година, изнесува 112,8.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: уметност, забава и рекреација (19,1%), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (18,8%) и преработувачка индустрија (17,9%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: образование (10%), административни и помошни услужни дејности (4%) и преработувачка индустрија (3,7%).