X
 22.03.2022 Живот

Студент направил уред што го претвора пешачењето во електрична енергија

Џеремаја Торонка е 21-годишен студент од Сиера Леоне кој смислил како чекорите при пешачењето да ги претвори во електрична енергија.

Тој направил уред што се става под улицата, а користи топлина и вибрации создадени од пешаците и моторните возила. За користење на овој уред не е потребна батерија или некој друг извор на енергија.

За разлика од некои уреди што се напојуваат со обновлива енергија, овој може да се користи и дење и ноќе, и каде било.

Во Сиера Леоне 26 отсто од населението имаат електрична енергија. Торонка израснал во многу тешки околности. Тој основал компанија кога имал само 17 години и при пилот-проект два негови уреди биле доволни за обезбедување електрична енергија за 150 дома и 15 училишта.

Торонка лани добил престижна награда и 100 илјади долари, а има намера тие пари да ги искористи за до 2030 година 100 илјади луѓе да добијат електрична енергија. Планира со неговите иновации да му помогне и на здравствениот сектор.

Извор: Klix
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот