X
 22.04.2019 Образование

Статистика: 4.323 професори и соработници на македoнските универзитети во оваа учебна година

Во академската 2018/2019 година на високообразовните установи во земјава имало вкупно 4.323 соработници и наставници, соопшти Државниот завод за статистика. Од нив 3.101 или 71,7 % се наставници и 1.222 се соработници во наставата. Од вкупниот број, 2.060 (47,7 %) се жени.
Очекувано, најголем број има на најголемиот државен универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што во оваа учебна година работеле вкупно 1.816 наставници и соработници, од кои 946 биле жени. Следуваат Државниот универзитет во Тетово со 723 (од кои 245 жени), па Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип со 573 (286 жени), „Св. Климент Охридски“ од Битола со 332 (175 жени).

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование