Доколку некогаш сте ја посетиле Холандија, сигурно сте забележале дека нејзините жители немаат проблем со споделувањето на својата приватност. Тоа го покажува изгледот на прозорците на становите во оваа земја. Имено, таму ретко ќе видите завеси на прозорците.
Шетајќи по улиците на холандските градови, особено навечер, може да ѕирнете во домовите на жителите. Тоа на Холанѓаните не им е необично, напротив, пожелно е.
Фото: Pixabay
Прифатеното објаснување за оваа појава потекнува од средниот век, поточно од калвинизмот, кој е гранка на протестанизмот. Се смета дека искрените граѓани нема што да кријат, а завесите на прозорците наведуваат на спротивното. Затоа, многу Холанѓани и денес се придржуваат до тоа, сметајќи дека слободниот поглед во нивниот дом докажува дека немаат тајни.
Постои и друга приказна за навиката да не се ставаат завеси на прозорците, а тоа е дека сакаат да им покажат на другите колку се богати, а домот го сметаат за презентација на нивното богатство.
Извор:
Studenti
Насловна фотографија: Pixabay