X
 22.05.2024 Технологија

Таен проект на американската морнарица - подводен брод без екипаж ги открива сите опасности

Има модуларна конструкција и системи за заштеда на енергија, кои вклучуваат можност да се укотви на морското дно и да хибернира. Очигледно може сам да ги полни батериите користејќи ја енергијата на морските струи.

„Манта Реј“ е нов подводен брод без екипаж. Станува збор за роботска подморница именувана по истоимената раја со широко и рамно тело, која била инспирација за нејзиниот изглед. Бродот е развиен од компанијата „Нортроп Груман“ за американската воена истражувачка агенција ДАРПА, а првите тестови биле извршени во водите околу брегот на Јужна Калифорнија во Соединетите Американски Држави, во текот на февруари и март оваа година.

Систем за заштеда на енергија

Основните спецификации и перформанси на оваа роботска подморница сè уште не се познати. Според достапните фотографии, евидентно е дека се работи за поголем модел кој е дизајниран да биде самодоволен во тешки услови - може да работи долго време без потреба од поддршка или одржување.

Најсовремена технологија


Има погонски системи со мала моќност, нови сензори за подводно откривање и класификација на закани и опасности, системи за навигација и команда и контрола со високи перформанси, како и најсовремени пристапи против деградација.

Дизајниран е така што може да се испорачува во делови и да се составува секаде каде што е потребно, без да зафаќа простор на поморските објекти. Треба да игра водечка улога во новата класа подводни бродови без екипаж со долг дострел, способни да управуваат со широк опсег на носивост.

Извор: punkufer.dnevnik.hr

Фото: Punkufer.dnevnik.hr

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија