X
 20.05.2021 Здравје

Нова апликација од „Гугл“ препознава проблеми со кожата

„Гугл“ изработил нова алатка која користи вештачка интелигенција за да препознае потенцијални здравствени проблеми на кожата, косата и на ноктите користејќи само фотографии. Годинава треба да биде пуштена во употреба пробна верзија од алатката, изјавиле од компанијата.

Станува збор за апликација која била одобрена како медицинска алатка во Европа. Таа може да препознае 288 состојби со кожата, но не треба да биде замена за дијагноза од лекар и третман, предупредиле од фирмата.

„Гугл“ работел на алатката три години, а таа била усовршена со тестирање на 65.000 фотографии од здравствени состојби, како и милиони фотографии од дамки кои ги загрижувале луѓето и илјадници фотографии од здрава кожа. Алатката бара од пациентите да прикачат фотографии, но и да одговорат на повеќе прашања.

Од „Гугл“ откриле дека секоја година низ светот има околу 10 милијарди пребарувања за проблеми со кожата, косата и ноктите. Алатката сè уште не е одобрена во САД.

Автор: Зои Клајнмен
Извор: bbc.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје