Српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ на својот профил на „Инстаграм“ откри дека во тек е снимањето на третата сезона на серијата „Сенки над Балканот“ (Senke nad Balkanom).
На фотографија објавена на социјалната мрежа, Бјелогрлиќ стои покрај неговиот син Алексеј, кој исто така глуми во серијата.
- Сенките повторно стигнуваат на Балканот - напишал кратко Бјелогрлиќ.
Серијата ја имаше премиерата во 2017 година, а се фокусира на историјата на Балканот во периодот помеѓу двете светски војни. Алексеј Бјелогрлиќ во втората сезона го толкуваше ликот на млад боксер, а се чини дека ќе ја повтори улогата и во третата сезона.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)