X
 30.05.2020 Здравје

Ковид -19 не стивнува, денеска има 35 нови случаи


Во последните 24 часа направени се 1120 тестирања, а регистрирани се 35 нови случаи на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Новозаразени има во:

- Скопје 22
- Куманово 4
- Штип 1
- Тетово 6
- Струга 1

- Гостивар 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (69г) хоспитализиран на 15 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Струга (70г) примен во болницата на 17 мај и двајца од Скопје, пациент на возраст од 70 години, примен на 28 мај и 47 годишен пациент на болничко лекување од 21 мај. Во денешниот извештај на ИЈЗ е евидентирано и бебето од Скопје кое, на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија каде починало. Бебето беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на ковид-19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 19 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 28.804 тестирања на Ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 487 тестира се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Тетово, Битола, Куманово и Скопје, а потврден е еден позитивен случај во градинка во Тетово. Досега во рамките на скринингот се направени 3502 тестирања, а потврдени се вкупно 6 позитивни случаи на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.164, бројката на оздравени пациенти е 1.535, на починати е 131, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 498.

Претседателот Стево Пендаровски денеска соопшти дека вонредната состојба ќе продолжи за нови 14 дена.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје