X
 22.10.2021 Живот

Хоспитализирани 76% невакцинирани и 24% вакцинирани граѓани, покажува најновата статистика од Здравство

Процентот на хоспитализирани лица што се невакцинирани изнесува 76%, додека само 24% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата за период од 6 август до 21 октомври. На целата територија на државата во овој период позитивни на тестовите за ковид-19 биле 42.945 граѓанин, од кои 26 % биле целосно вакцинирани, односно 11.253 лица, соопштува Министерството за здравство.

Според статистика за изминатиов период, 31.692, граѓани, односно 74% од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани. Во наведениот период починале 1.506 лица со ковид-19, 1.246 пациенти, односно 83 % од починатите не биле вакцинирани, а само 260, односно 17 % примиле вакцина. Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини што ги има кај нас.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина што ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на SarsCoV2.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот