Државниот завод за статистика бележи зголемување на просечната исплатената нето и бруто плата во април годинава во однос со истиот период лани.
Според денеска објавените податоци, просечната исплатена нето плата по вработен во април изнесувала 24.785 денари и таа е за 3,5 проценти повисока во однос на истиот период лани, додека бруто платата изнесувала 36.796 денари и кај неа има зголемување од 4,8 проценти.
Зголемувањето се должи на покачувањето на просечната плата во секторите: дејности на здравствена и социјална заштита, транспорт и складирање и административни и помошни услужни дејности.
Во однос на март годинава, зголемување на платата е забележано во секторите: уметност, забава и рекреација, рударство и вадење на камен и транспорт и складирање.
Извор: МИА