X
 07.05.2023 Живот

Студентски мемоари со примариус д-р Ефтим Пандилов, за децата со аутизам, трчањето... Што пишувавме неделава

Ако не создадеме соодветни средни училишта за децата со аутизам, грижата за нив ќе остане на семејствата, на државата и на сите нас, вели Јасмина Трошанска, специјален едукатор и рехабилитатор

Кога ќе споменеме деца со посебни потреби и пристапност во училиште, веднаш се мисли на пристапна рампа, лифт за лицата со тешкотии во движењето, книги на Брајово писмо, апарат за слушање итн. Но, никој не споменува акомодација и адаптација за децата со аутизам, истакнува Јасмина Трошанска.

СТУДЕНТСКИ МЕМОАРИ: Примариус д-р Ефтим Пандилов (91): „Во 50-тите години немаше подарување десетки и никој немаше просек над 9,00“

Примариус д-р Ефтим Пандилов, роден на 4.12.1931, се запишал на Медицинскиот факултет во Скопје на 8 октомври 1951 година, во новата зграда на Медицинскиот факултет, како студент од петтата генерација. Претходно се студирало во старите бараки. Со радост Ефтим се присети на своите студентски денови, спомени, искуства... Учествувал на работна акција за изградбата на хидроцентралата на браната во Маврово во 1952 година, бил во студентското раководство на МФ во петтата година од неговите студии, бил еден месец на студентска размена во Берлин во 1956 година и уште многу други детали.

Бале Брзи (70) и Валентина Узунова (57) се доказ дека годините не се пречка, дека трчањето подмладува

На неодамнешниот Водно Матка треил маратон учествуваа Бале Брзи (70) и Валентина Узунова (57) и остварија одлични резултати во своите категории. Докажаа дека не важни годините. И двајцата тврдат дека годините не им се пречка, туку мотивација. Трчањето за нив е здравје, добра мисла, позитивна енергија. И секоја наредна година ја пречекуваат со задоволство.

Бислимска Клисура - мала клисура со големи тајни

За трагачите на помалку познати авантуристички локации и места кои се недоволно туристички валоризирани, предлогот на проф. Дарко Оносимоски за овој викенд е Бислимската Клисура, па ако добро ја истражите оваа клисура и поширокото течение на реката Пчиња, таа со сигурност ќе ги исполни вашите очекувања.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот