Што пишувавме неделава:
Парите за студентски оброк ги нема, надлежните ветуваат дека ќе ги исплатат по административните проверки: Вториот рок за аплицирање за бруцошите траеше до 31 октомври и во тек е разгледување на пристигнатите апликации, како и административна проверка на податоците од страна на други институции.
Интервју со Светлана Димитриевска: Создаваме одлични пијанисти иако сме мала држава: Интересот, ентузијазмот и желбата за изучување инструмент се големи на почетокот на образованието. Но, за жал, како што расте потребата од ангажман, така опаѓа интересот. Пијаното бара голема посветеност и време, кое децата го немаат. Мислам дека треба да ги осовремениме програмите, да се вклучат апликации кои дополнително ќе ги мотивираат децата, ќе им го задржат вниманието, вели Димитриевска.