Борко Иванов е специјалист кардиохирург кој својата кариера успешно ја гради во Германија. Германската апробација ја стекнал во 2013 година на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Минстер. Неговата кариера се одвивала во повеќе институции - во Поликлиниката Идадија во Скопје, каде што имал можност да ја учи интерната медицина како теоретски така и клинички, благодарение на неговиот татко, на Клиниката за торако-васкуларна хирургија во Вирзбург и IPPNW Берлин (Research Fellow), Клиниката за кардиоторакална хирургија на Универзитетот во Ахен, Клиниката за кардиоторакална хирургија на Универзитетот во Келн.
Нико Беќаровски е специјалист интернист, доктор на медицински науки, кој долги години е дел од Универзитетската клиника за токсикологија. Основното образование го завршил во ОУ „Кочо Рацин - Скопје“, непосредно до Клиничкиот кампус, а средното во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“. Во текот на целокупното основно и средно образование свидетелствата му биле пополнети само со една оценка.
Не е предвиден академски тест во новиот предлог-закон за средно образование, одговорија од МОН за Факултети.мк. Ова е спротивно на најавите од 16 јануари годинава од страна на Владата дека со предложените законски измени посебна новина што се воведува е полагањето стручна матура и влезен академски испит
Метежите што се создадоа пред шалтерите и пунктовите на МВР поради вадењето патни испрати и лични документи и нефункционирањето на системот со закажување термини покажаа дека државните институции треба да го приспособат работното време на потребите на граѓаните.
Ивана Настеска од Прилеп, студентка во четврта година на Педагошкиот факултет во Битола, на насоката Социјална и рехабилитациска педагогија, веќе шести месец преку Еразмус-размена студира на Педагошкиот факултет во Стара Загора, Бугарија.