Креаторите на нов мотор на хиперсонична ракета велат дека со него летот од Лондон до Сиднеј би можел да трае само 4 часа, патувајќи петпати побрзо од брзината на звукот. Тоа е лет кој би траел 20 часа со конвенционален авион.
Од британската компанија „Риекшн енџинс“ истакнуваат дека се подготвуваат да го тестираат футуристичкото летало во Колорадо - возбудлива визија на иднината на транспортот.
Компанијата е поддржана од „Ролс-Ројс“ и „Боинг“, а моторот за ракета е наречен „Сејбр“. Тој вовлекува воздух на пониски алтитуди, но работи повеќе како ракета кога ќе се крене нагоре.
Од компанијата велат дека „Сејбр“ може да ги помести границите на летањето во вселената испраќајќи летала директно во орбитата.
- Позитивниот заклучок од нашиот прелиминарен преглед на дизајнот е голема пресвртница во развојот на „Сејбр“. Потврдува дека тест-верзијата на оваа револуционерна нова класа на мотори е подготвена за имплементација - истакна Марк Форд од Европската вселенска
агенција.