Денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти од Скопје што се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот, соопштија од Министерството за здравство.
Оттаму додаваат дека во изминатото деноноќие се направени 500 теста и се потврдени 66 нови случаи на Ковид-19 и тоа во:
- Скопје-10
- Куманово-27
- Штип-3
- Прилеп-4
- Тетово-5
- Струга-6
- Велес-2
- Охрид-3
- Гостивар-1
- Кочани-3
- Неготино-2
Вкупниот број на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја сега е 974 лица.
- За пациентка која пред два дена почина во ГОБ „8 Септември“ денеска е пристигнат резултат на брис кој покажал присуство на Ковид-19. Пациентката на возраст од 76 години, од Скопје, била хоспитализирана во болницата со симптомите на вирусот. Согласно конечната потврда за присуство на Ковид-19, овој случај ќе биде евидентиран во денешната статистика на Институтот за јавно здравје - истакнуваат од Министерството.
Во соопштението се додава и дека едно лице кое во вчерашната статистика било евидентирано во Куманово, по завршување на епидемиолошката анкета, било утврдено дека е жител на Крива Паланка и согласно тоа е адаптиран денешниот извештај.