X
 23.03.2022 Живот

Ова овошје на лондонскиот пазар достигнува цена од речиси 200 евра

На „Твитер“ се појави фотографија од овошје кое на малкумина им е познато, барем на нашите простори. Се нарекува џекфрут и расте во Бразил и Азија, а во Европа стана популарно поради зголемениот број вегани и вегетаријанци.

Фотографијата од најстариот зелен пазар во Лондон, Бороу маркет, збуни многу твитер-корисници. На неа се гледа чудно овошје чија цена изнесува 200 евра.

Толку високата цена беше неразумна за сите, со оглед на тоа што цената во Бразил е пониска од едно евро, па многумина се пошегуваа дека ќе станат милионери со увоз на ова овошје во Велика Британија. Во Бразил на повеќе места можете бесплатно да берете џекфрути од дрвја, а многу од нив скапуваат. Па зошто цените се толку високи?

Цената најмногу зависи од местото каде што се продава овошјето. Џекфрут не може да се одгледува во клима како британската, туку му треба топлина. Исклучително е расипливо, па транспортот е голем проблем. Дури и во Бразил цената на џекфрутот варира од место до место. Некаде можете да го берете во неограничени количини, додека во некои делови неговата цена е доста висока. Доста е тежок и има силна арома која не им одговара на сите.

Научниците веруваат дека ова овошје е решение за еден од најголемите светски проблеми. Потекнува од Азија и таму се смета дека неговиот вкус е лош. Сепак, во развиените земји има зголемување на побарувачката, главно од вегетаријанци и вегани кои го сметаат за алтернатива на месото бидејќи кога се готви има текстура слична на говедско или свинско месо. Но, ако презрее, станува премногу сладок и може да се користи исклучиво како десерт, поради што многу Британци го купуваат во лименки од продавниците за околу 3,5 евра. Сепак, многумина тврдат дека го нема истиот вкус.

овошје
Џекфрут во градина во Бразил/Фото: Twitter


Друга причина за неговата висока цена на западниот пазар е тоа што е непознат за потрошувачите, па многумина никогаш не го пробале и не знаат ниту еден рецепт за џекфрут.

Кога еден ден ќе се решат проблемите со транспортот и расипливоста, не се сомневаме дека ќе мора да се навикнеме на „непријатната арома“ на ова овошје и на нашите пазари.

Извор: Noizz.rs
Фото: Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот