Се бориме со невидлив непријател, но верувајте во нас и почитувајте ги препораките на здравствените власти- вели д-р Виолета Огњанова, специјализант по анестезија, реанимација и интензивно лекување на Светскиот ден на здравјето. Д-р Огњанова е во првата борбена линија на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а фотографијата што ја објави на „Фејсбук“ доволно говори за пожртвуваноста на сите лекари. Во прилог е целосната порака на д-р Огњанова која ја испраќа преку Факултети.мк:
Вака изгледа лицето на д-р Огњанова после дежурство
„Денес, сите заедно, докторите, медицинските сестри и сите здравствени работници работиме изложени на најголем ризик од инфекција со Ковид-19. Особена чест за секој млад доктор претставува довербата што ни ја дадоа нашите искусни колеги и ни дозволија да се вклучиме со целата наша енергија и стекнато знаење во битката за справување со најтешкиот вид на компликации од коронавирусот.
Посакувам секој млад доктор кој се чувствува спремен да ни се придружи во оваа борба која ни ја приреди невидливиот непријател. Се надевам ќе се справиме со него најуспешно што можеме, ќе ги намалиме загубите во човечки животи и ќе успееме успешно да ги закрепнеме заболените. Ви благодариме на сите за подршката, убавите зборови и надежта што ни ја давате да истраеме и во најтешките мигови кога стануваме исцрпени, беспомошни и разочарани кога губиме човек!
Верувајте во нас, бидете умни и почитувајте ги препораките на здравствените власти. Дозволете да ја исполниме нашата задача за која со љубов учиме и работиме. Затоа, ве молам СЕДЕТЕ ДОМА“.
Д-р Виолета Огњанова е специјализант по анестезија, реанимација и интензивно лекување, вработена на КАРИЛ, а моментално прераспределена на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
Д-р Огњанова: Исцрпени сме, беспомошни кога губиме човек, но продолжуваме да се бориме
„Се бориме со невидлив непријател, но верувајте во нас и почитувајте ги препораките на здравствените власти“, вели д-р Виолета Огњанова, специјализант по анестезија, реанимација и интензивно лекување на Светскиот ден на здравјето. Д-р Огњанова е во првата борбена линија на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, а фотографијата што ја објави на „Фејсбук“доволно говори за пожртвуваноста на сите лекари. Во прилог е целосната порака на д-р Огњанова која ја испраќа преку Факултети.мк:
„Денес, сите заедно, докторите, медицинските сестри и сите здравствени работници работиме изложени на најголем ризик од инфекција со Ковид-19. Особена чест за секој млад доктор претставува довербата што ни ја дадоа нашите искусни колеги и ни дозволија да се вклучиме со целата наша енергија и стекнато знаење во битката за справување со најтешкиот вид на компликации од коронавирусот.
Посакувам секој млад доктор кој се чувствува спремен да ни се придружи во оваа борба која ни ја приреди невидливиот непријател. Се надевам ќе се справиме со него најуспешно што можеме, ќе ги намалиме загубите во човечки животи и ќе успееме успешно да ги закрепнеме заболените. Ви благодариме на сите за подршката, убавите зборови и надежта што ни ја давате да истраеме и во најтешките мигови кога стануваме исцрпени, беспомошни и разочарани кога губиме човек!
Верувајте во нас, бидете умни и почитувајте ги препораките на здравствените власти. Дозволете да ја исполниме нашата задача за која со љубов учиме и работиме. Затоа, ве молам СЕДЕТЕ ДОМА“.
Д-р Виолета Огњанова, специјализант по анестезија, реанимација и интензивно лекување на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.