X
 23.04.2024 Технологија

Новата камера на МИТ може да го регистрира патувањето на светлината

Новата камера развиена на МИТ може да фотографира билион слики во секунда.

Во споредба со тоа, традиционалната филмска камера опфаќа само 24. Овој нов напредок во фотографската технологија им дава на научниците можност да го фотографираат движењето на најбрзото нешто во универзумот - светлината.

Вистинскиот настан се случува во наносекунда, но камерата има можност да го забави до дваесет секунди. За извесна перспектива, според Џон Маркоф, писател на „Њујорк тајмс“, ако куршум се следи на ист начин движејќи се низ истата течност, резултирачкиот филм би траел три години.

Во видеото подолу ќе видите експериментални снимки од светлосни фотони кои патуваат 600 милиони милји на час низ вода.

Невозможно е директно да се снима светлината, така што камерата прави милиони скенирања за да ја пресоздаде секоја слика. Процесот е наречен фемто-фотографија и според Андреа Велтен, истражувач вклучен во проектот, нема ништо во универзумот што ѝ изгледа брзо на оваа камера.

Извор: upworthy.com

Фото: YouTube screenshoot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија