X
 23.05.2019 Забава

Виртуелен Путин – водител на забавна емисија на Би-би-си

Компјутерски генериран тродимензионален лик на Владимир Путин ќе биде водител на комична интерактивна емисија на Би-би-си, заедно со британскиот политички коментатор Алистер Кембел.

Две кратки пилот-епизоди на шоуто „Вечер со Владимир Путин“ ќе бидат емитувани на каналот Би-би-си 2 следниот месец и во секоја ќе има по двајца гости.

3Д-анимацијата ќе може да се движи на сцената и да седи зад бирото, поставувајќи им прашања на гостите пред публика во студио и сето тоа во живо.

- Заборавете ја светската политика, двете пилот-епизоди наскоро ќе овозможат разговор и конечна победа на Влад, лидерот на слободниот свет - се вели во најавата.

Во еден од скечевите виртуелниот Путин се обидува да се справи и со „сложените прашања“ околу феминизмот.

Велика Британија и Русија имаат затегнати односи по труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал во англискиот град.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава