Летното сметање на времето завршува на 29 октомври, во 3 часот, односно 2 часот по полноќ. Со поместување за еден час наназад в недела, времето во 3 часот ќе се смета како 2 часот и со тоа ќе започне зимското сметање на времето.
Зошто времето се менува токму во овој период од денот?
Како што пишува „Лајв сајенс“, ова време е одбрано бидејќи е доволно доцна за повеќето од луѓето да бидат дома. Истовремено, доволно е рано за да влијае врз работните смени на луѓето што работат рано наутро.
Освен тоа, во овој период се затворени и баровите и рестораните, па така тие не треба да работат дополнителен час поради промената на сметањето на времето.
Извор:
Live science
Насловна фотографија: Pixabay