Ако се суди според пишувањата на платформата „X“, „ајфон СЕ 4“ ќе биде поскап од неговиот претходник, чија почетна цена во САД беше 429 долари. Иако моментално не е јасно кон која бројка се стреми „Епл“, се известува дека телефонот нема да чини повеќе од 499 долари.
Причини за поскапувањето би можеле да бидат долгоочекуваните промени во хардверот и визуелниот дизајн. Како што се најави претходно, „ајфон СЕ 4“ треба да го има куќиштето на „ајфон 14“ без една камера на задната страна, што значи дека ќе има засек и опција за препознавање лице.
Покрај тоа, наводно ќе користи 6,1-инчен ОЛЕД-екран со резолуција од 1.170 x 2.532, врвна осветленост од 1.200 нити и заштита од гребеници и пукнатини. Нема да има висока стапка на освежување бидејќи не е „про“ модел на „ајфон“. ОЛЕД-екраните треба да ги произведува БОЕ.
Презентацијата на новиот модел се очекува во 2025 година.
Извор: bug.hr
Фото: Freepik