X
 24.10.2024 Живот

Полагањето за возачка дозвола во една земја трае неколку секунди и чини само 1,20 евра

Полагањето на возачка дозвола може да биде прилично стресно, а цените и тежината на полагањето се разликуваат од земја до земја.

Веб-страницата „Зутоби“ направи истражување и објави листа на земји во кои е најтешко и најлесно да се положи возачки испит.

„Вози право и сврти лево. Положи"

Земјата во која најлесно се полага за возачка дозвола во светот е Индија. За возачите да добијат возачка дозвола она што треба да направат е да возат право и да свртат.

- За време на полагањето за возачка дозвола во Индија, кандидатите треба само да возат право, да свртат лево и да застанат по поминување на 45 метри за да положат - објаснуваат од веб-страницата. Така, тестот е многу едноставен и стапката на полагање е исклучително висока. Но, со повеќе од 10 милиони возачки дозволи кои се издаваат во Индија секоја година, полагањето на тестот во најнаселената земја во светот следи посебни правила.

Имено, Индија ги има најсмртоносните патишта во светот. Во 2011 година на патиштата биле регистрирани речиси 74 милиони возила, а во сообраќајот годишно гинат 196.000 луѓе.

Поради огромната гужва и опасностите на патиштата, кандидатите полагаат возачки испити на приватни тест патеки или на паркинзи. Покрај краток возачки испит, кандидатите мора да имаат најмалку девет точни одговори на полагањето на тестот составен од 20 прашања, а цената на возачкиот испит е само 1,20 евра.

Од друга страна, веб-страницата наведува дека Хрватска е земјата каде што е најтешко да се положи возачки испит.

Извор: n1.info.hr
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот