Пекарската индустрија се закани дека нема да произведува леб доколку Владата ја донесе мерката за замрзнување на неговата цена на 33 денари.
- Ако Владата ја донесе мерката за ограничување на цената на лебот, од следниот ден нема да има леб на пазарот - изјави денеска Горан Малишиќ, претседател на Групацијата за мелничко-пекарската индустрија, по состанокот во Стопанската комора на Македонија.
Во саботата министерот за економија Крешник Бектеши најави дека од 1 март ќе биде замрзната цената на лебот на 33 денари. Мерката е на предлог на Министерството за економија поради тоа што анализите покажале дека голем дел од компаниите за прехранбени производи што добиваа субвенционирана струја не ги намалиле цените на производите и по три месеци.
Извор: МИА