Владата на Црна Гора донесе одлука за максималната малопродажна цена на белиот леб, по предлог на министерството за економски развој.
Владата ја ограничи цената на лебот од 500 до 600 г на 50 центи за векна (околу 30 денари), а од 300 до 400 г на 40 центи за векна.
Како што велат оттаму, целта на оваа одлука е да се спречи понатамошен раст на цената на белиот леб.