X
 23.08.2019 Политика

Во Шведска формирана првата Партија на мигранти

Шведскиот политичар од турско потекло, Микаил Јуксел, ја формира првата Партија на мигранти, пренесе турската државна агенција Анадолија.

Јуксел во изјава за тамошните медиуми подвлече дека неговата партија ќе ги претставува интересите на мигрантите. Веќе е поднесено барање за нејзина регистрација во изборниот орган на оваа скандинавска земја за да може да се вклучи во трката за следните избори.

- Сакаме исламофобијата да се прогласи за криминал. Сакаме муслиманите да бидат признати за малцинство во шведскиот устав - изјави Јуксел, објаснувајќи ја програмата на неговата партија.

Јуксел е поранешен член на партијата Центар и во минатото бил и предводник на кандидатска листа на избори во вториот по големина град во земјата - Гетеборг. Тој, меѓутоа, пред ланските избори бил исклучен од нејзините редови затоа што одбил да зборува против Турција или нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Според него, противниците на Анкара многу лесно наоѓаат место во шведската политика.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика