X
 23.09.2023 Живот

Поради флексибилното работење, добивала панични напади и ги изгубила пријателите

Дигиталните номади најчесто ги замислуваме како професионални писатели, графички дизајнери или програмери; накратко, како луѓе што патуваат низ светот со својот лаптоп и ранец.

На многумина нивниот начин на работа им изгледа како бајка. Патуваат, запознаваат различни култури, можат да работат од плажа или планина или од некое туристичко место. Некои од нив се хонорарци, некои се претприемачи кои градат сопствен бизнис, а некои работат на оддалечени позиции со полно работно време.

Податоците од експертите и анегдотите покажуваат дека бројот на дигитални номади пораснал во текот на изминатите неколку години, со остар скок по ковид-пандемијата.

Тешко е да се одреди точниот број на дигитални номади во светот, но еден извештај на американската консултантска компанија „Ем-би-о парнтерс“ за 2022 година проценува дека бројот на американски дигитални номади е зголемен за 131 отсто од 2019 година.

Но, сега расте бројот на овој тип работници што се откажуваат од дигиталното номадство. Така, заднината на инстаграм-објавите каде што се гледа плажа, всушност, не е толку гламурозна. Еден од недостатоците е интеракцијата со другите, која влијае врз менталното и физичкото здравје на вработените.

Заклучокот е дека дури и овој начин на живот станува досаден со текот на времето. Ова ѝ се случило на една девојка од Британија, која во 2011 година дала отказ во супермаркет за да го прошета светот.

Таа отворила веб-страница за патувања за да ги финансира своите авантури и, на нејзино изненадување, почнала да заработува доволно пари за да стане дигитален номад во рок од една година.

Живеењето и работата во движење имале несакани последици врз нејзиното ментално и физичко здравје.

- Почнав да имам панични напади на дневна основа; престануваа само кога замислував дека имам свој дом - вели таа.

Отсуството на стабилна заедница резултирало со губење на долгорочните пријателства, што довело до чувство на осаменост и депресија.

Без пристап до кујна или фитнес-сала, таа вели дека нејзиниот животен стил бил нездрав, потпирајќи се на оброците во ресторани трипати на ден, секој ден, со години.

Дополнително, одржувањето на продуктивноста додека била во движење се покажало како предизвик. Обидот за управување со работа, истражување нови места и справување со често несигурниот интернет - станал извор на фрустрација за Лорен.

Пресврт направила кога нападите на паника, кои таа ги припишува на нејзиниот номадски начин на живот, ја принудиле да најде дом. Откако се преселила во Португалија и потпишала закуп за стан, Лорен тројно го зголемила својот приход за една година.

Нејзините напади на паника исчезнале, почнала да вежба, почнала да готви здрави оброци и изградила солидна група на пријатели.

Напуштањето на номадскиот начин на живот не било лесно бидејќи сè што правела било фокусирано на патувања: водење блог за патувања, планирање идни патувања во слободното време и дружење со пријателите кои се номади.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот