Луѓето имаат 24-часовен биолошки часовник кој контролира повеќе физиолошки процеси, како циклус на спиење, лачење хормони, апетит и крвен притисок. Нарушувањето на овој циклус, кој ни кажува да спиеме кога е темно надвор, а да се будиме кога е светло, може да има негативен ефект врз здравјето.
Научниците го истражувале нарушувањето на овој ритам за да видат како тоа влијае врз хормоните што го регулираат апетитот. Биле спроведени експерименти на глувци. Експериментите покажале дека глувците со нарушен биолошки часовник имале нерегулиран орексиген хипоталамичен невропептид, кој игра важна улога во регулацијата на енергетскиот баланс и телесната тежина.
Ова предизвикало зголемен апетит за време на неактивната фаза од денот. Оваа група глувци внесувале 53,8 отсто од дневната храна за време на нивната неактивна фаза. За споредба, глувците што спиеле навечер ја јаделе речиси целата храна во активната фаза од денот, а само 11,6 отсто за време на неактивната фаза.
Научниците им порачуваат на оние што работат ноќни смени да се обидат да бидат изложени на дневна светлина колку што можат повеќе, како и да вежбаат и да внимаваат на исхраната.
Извор:
Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay