X
 01.04.2022 Здравје

Вештачките засладувачи се поврзани со зголемен ризик од рак

Вештачките засладувачи како аспартам се поврзани со зголемениот ризик за одредени видови ракови, според ново истражување.

Истражувачи од Универзитетот „Сорбона“ и Француската мрежа за истражувања за исхраната и ракот анализирале податоци од 102.865 возрасни жители на Франција во период од осум години во рамките на истражувањето.

Тие откриле дека учесниците што најмногу консумирале вештачки засладувачи имале 13 отсто поголем ризик за заболување од рак во споредба со оние што не консумирале вештачки засладувачи.

Најризични биле засладувачите аспартам и ацесулфам-К, кои биле поврзани со ризикот од рак на дојка и ракови поврзани со прекумерната тежина. Сепак, резултатите покажуваат врска, но не се доказ дека вештачките засладувачи го предизвикуваат ракот.


Фото: Pixabay

Истражувачите препорачуваат намалено внесување на процесирана храна со додадени шеќери и вештачки засладувачи.

Вештачките засладувачи станале популарни во минатата деценија, најмногу како замена за шеќерот. Но експертите предупредуваат дека луѓето можеби погрешно мислат дека засладувачите се многу поздрави од шеќерот. Според нив, засладувачите, исто како и шеќерот, треба да се консумираат само во мали количини.

Извор: Insider
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје