X
 16.01.2023 Здравје

Тестенините се поздрави отколку што мислиме

Австралиски научник ги критикува тврдењата дека тестенините се нездрави.

Ема Бекет, научник за храна на Универзитетот во Њукасл, објаснува дека препораките за енергија што треба да се внесе преку храната во текот на денот зависат од големината на телото, полот и физичката активност.

- Но можеби не сфаќате дека има и препораки за видот на хранливи состојки или видови храна кои ве снабдуваат со таа енергија - вели таа.

Тестенините имаат големо количество јаглехидрати, но и масти и протеини. Од 45 до 65 отсто од енергијата треба да се снабдува преку јаглехидрати, 20-35 отсто од масти и 10-30 отсто од протеини. Со други зборови, може да биде здраво да се јадат многу повеќе јаглехидрати од протеини во текот на денот бидејќи еден грам протеин носи исто енергија како и еден грам јаглехидрати.

Бекет објаснува дека во тестенините има здрав сооднос на јаглехидрати и протеини, односно 38 грама и 7,7 грама, соодветно. Освен тоа, една шолја зготвени тестенини содржат околу една четвртина од дневната потреба за витаминте Б1 и Б9, половина од препораката за селен и 10 отсто од потребното железо.

Конечно, тестенините се одлична основа за оброци кои може да бидат извор на други хранливи состојки.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје