X
 23.10.2023 Образование

Тв Такси 28 вози нови приказни, позитивни искуства, знаења и вештини на популарната програма Еразмус+

Еразмус+, како највидлива и најпрепознатлива програма на ЕУ која нуди можности за активен и продуктивен стил на живот, подобрување на образованието, обуки, развој на младите и спортот во Европа е најбараната програма, со дури 90% искористливост. Насоките се во правец на модернизација за остварување на европската политичка агенда за раст, вработување, еднаквост и социјална инклузија.

 Еразмус+, предизвик за младите, но и за повозрасните

Младите имаат отворени можности да учат, да волонтираат, да стекнуваат работно искуство во странство, да развијат нови вештини и да стекнат релевантно и меѓународно искуство. Секако, Еразмус+ програмата овозможува покрај студентите, да аплицираат и наставници, волонтери, специјализанти и сл.

Еразмус+ приказни - во фокусот на епизода 12 од серијалот „ ТВ Такси 28“.

Ова е епизодата во која Стрезо, кој вообичаено не застанува на една мисла и на една дестинација, сега неговите желби се со мотив на студентот кој сака да се надогради во своето знаење во Париз. По природа, нели, нема вештина или школа што тој не може да ја изучи, но сега заедно со Ана и Стефан се во мисија преку раскажани стории на другите млади вклучени во Еразмус + програмата, да го пронајде својот универзитет и да може да го усоврши францускиот јазик.

Тв Такси 28 стории - Како да се влезе во Еразмус+ програмата?

На една од дестинациите, го сретнавме Андреј Стојкоски, член на „Младинскиот сојуз Крушево“ кој ни кажа дека кога се работи за младинските програми на Еразмус+ потребно е само да си млад и да имаш желба да го промениш светот на подобро, од аспект на кој било општествен проблем што ти го гледаш како релевантен во твојата земја.



„Ако си студент и сакаш да поминеш еден семестар од твоето студирање на некој од европските универзитети доволно е да бидеш редовен студент и да сакаш да поминеш едно Еразмус+ искуство. Сите тие процеси на учење на презентерски вештини, комуникациски вештини, соработка со други млади, вмрежување, запознавање на нови култури, учење нови работи и подоцна споделување на стекнатото знаење со локалната заедница се од огромен бенефит за младите луѓе.“, раскажува Андреј.

Еразмус+ - популарна програма кај сите вклучени во образовниот процес.

Таксито застана и во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност за да го запознаеме Марко Георгиевски и да слушнеме за успешноста на оваа програма во нашата земја.



„Со оваа програма се подобруваат формалното и неформалното образование и нормално има културолошка размена каде младите луѓе прв пат се среќаваат со луѓе кои се различни по боја, по вера и ова не е туристичка агенција но им овозможува на младите да прошетаат и да видат што прават нивните врсници во Европа. Впеачтоците на сите по враќањето се позитивни.“, вели Марко. Интересот за програмата е голем, а Македонците најмногу сакаат да одат во медитеранските земји. Стрезо веќе спреми 14 куфери за Париз и учи француски, а вие ако сакате да дознаете повеќе за можностите што ги нудат Еразмус програмите и како да се пријавите, погледнете ја епизода 12 од ТВ Такси 28.



комерцијален текст

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование