X
 24.08.2019 Живот

Ал Пачино: Гордоста и ароганцијата се слуги на ѓаволот. Ако не можете да ги контролирате, тие ќе почнат да ве контролираат

Алфредо Џејмс Пачино е американски актер, режисер и сценарист. Најпознат е по гангстерските улоги поради кои доби голем број признанија, меѓу кои и „Оскар“.

Ова се некои од неговите познати цитати:

- Не ми треба убава жена што можам да ја купам со пари. Не ми треба богатство. Веќе имам сè. Не ми треба приврзаност: бидејќи речиси сите жени стануваат „мои“ за малку долари, а оние што не ми се приврзани, можам да ги освојам кога сакам. Мене ми треба постојана жена. Верноста и добриот глас не можат да се купат за ниедни пари на светот.

- Никогаш не правдај се никому, ниту објаснувај. Секој ќе разбере како што му одговара!

- Како дете го молев Бога за велосипед. Тогаш сфатив дека Бог функционира на друг начин. Украдов велосипед и почнав да го молам Бог да ми го прости гревот.

- Првото правило е: никогаш не откажувај се. Второто правило е: секогаш сети се на првото правило!

- Лесно е да се залаже окото, но најтешко е да се залаже срцето.

- Вистината е дека мене тешко човек може да ме разбере. Мораш да живееш со мене 50 години за да сфатиш за што зборувам.

- Мојата мајка почина пред да успеам. Се сеќавам дека имав околу 10 години кога живеевме во стан на последниот кат. Беше многу студено. Од улица постојано ме викаа другарите да излезам со нив. Но, мајка ми никогаш не ми дозволи. Ѝ бев многу лут, се расправав и викав, а таа молчеше. Така ми го спаси животот, бидејќи сите мои другари повеќе не се живи. Таа не сакаше да се дружам со нив. Затоа сум јас тука и разговарам со вас. Сето тоа е многу едноставно, нели? Но ние брзо забораваме...

- Книгите и претставите ми помагаат да го најдам моето место во светот. Дојде до промена, станав посериозен.

- Гордоста и ароганцијата се слуги на ѓаволот. Ако не можете да ги контролирате, тие ќе почнат да ве контролираат.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот