По сè изгледа луѓето имаат дополнителен дел за мислење што не може да се најде кај другите примати. Досега непозната мозочна структура е идентификувана додека научниците внимателно исцртувале делови од човечкиот мозок за атлас за мозочна анатомија.
Невронаучникот Џорџ Паксинос и неговиот тим во австралискиот институт „НеуРа“ (Neuroscience Research) своето откритие го нарекоа „endorestiform nucleus“. Паксинос истакна дека тоа е група од неврони. Се наоѓа во основата на мозокот, во близина на точката каде што мозокот се среќава со 'рбетниот мозок.
Оваа област е вклучена во примање сензорни и моторни информации од телото за да ги подобри нашата поставеност, рамнотежа и нашите движења.
Паксинос го потврди постоењето на оваа мозочна структура додека користел релативно нова техника на обојување која ја развил за да прави појасни слики од ткивата на мозокот за изработка на
атласот на кој работи.