X
 23.11.2018 Живот

Сцена од холивудските филмови по 17 години пак станува реалност

Од 11 септември 2001 година клише-сцените од холивудските филмови од деведесеттите каде што паровите се бркаат по аеродромите за да си изјават љубов станаа минато.

Во последните 17 години во САД нема шанси да дојдете до гејтот ако сте обичен посетител на аеродромот. Сепак, Американците ги фати носталгија за старите времиња, па на аеродромот во Сиетл е создадена посебна програма наречена „Visitor Pass Program“, која е прва од ваков тип и со која ќе им се дозволи на посетителите што не патуваат по поминувањето на скенерот да влезат и да го испратат саканото лице.

Проектот е во пробна фаза од 9 ноември до 14 декември, кога во текот на еден ден само 50 посетители ќе можат да одат до терминалите и тоа ако претходно се најавиле.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот