X
 24.01.2022 Образование

40 странски македонисти и слависти од 17 земји на Втората зимска школа при УКИМ

Преку виртуелна настава, над 40 странски македонисти и слависти од 17 земји, во период од 24 до 29 јануари, ќе учествуваат на Втората зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Свеченото отворање ќе се одржи преку платформата „Зум“, на кое ќе се обрати и ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски.

Од понеделник до сабота за секоја група ќе се одржуваат по шест часа. Пријавени се учесници од универзитетските центри од Австралија, Бугарија, Велика Британија, Грција, Италија, Полска, Руската Федерација, Соединетите Американски Држави, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Франција, Хрватска, Чешката Република и Швајцарија.

Зимската школа првпат се одржа минатата година, во рамките на програмата за одбележување на големиот јубилеј - 100 години од раѓањето на Блаже Конески.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование