X
 24.02.2024 Живот

Оваа европска земја субвенционира годишен одмор за пензионерите

Од 2021 година Шпанија спроведува програма за субвенционирани одмори за пензионери наречена „Имсерсо“.

Програмата е отворена за шпански државјани, како и за странци што живеат во Шпанија. Субвенционираните одмори чинат од 115 до 455 евра. Повеќето патувања се меѓу октомври и јуни.

Програмата е отворена за шпански жители кои се пензионирани и примаат шпанска државна пензија, вдовици или вдовци на возраст од 55 или повеќе години и примаат пензија од починатиот партнер, на возраст од 60 или повеќе години и примаат бенефиции за невработеност, на возраст од 60 или повеќе години и добиваат помош од шпанскиот систем за социјална заштита.

Програмата ги фаворизира постарите лица во тешки финансиски ситуации, кои имаат бенефиции за инвалидитет или поголеми семејства. Исто така, приоритет имаат кандидатите што првпат аплицираат за програмата.

Повеќето од достапните патувања се до дестинации во Шпанија, а мал дел се до дестинации во Португалија. За 115 евра пензионерите можат да престојуваат во внатрешноста на Шпанија четири дена, а за 455 евра 10 дена можат да посетуваат дестинации како Канарските или Балеарските Острови. Годинава се достапни 886.269 места.

Шпанските власти се надеваат дека проектот ќе се прошири во остатокот од Европската Унија. Шпанија продолжува да го проширува својот проект. Последното дополнување беше воведувањето програма за хидротерапија, со која се субвенционираат посетите на бањите низ државата, кои инаку често се прескапи за пензионерите.

Извор: Bizlife.rs
Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот