12 нови случаи на коронавирусот во нашата земја, во Скопје 7 и во Куманово – 5. Ова е билансот за денеска до пладне. Со ова вкупната бројка достигна до 148. На Инфективната клиника во моментов има 29 пациенти. Од нив една пациентка е во тешка состојба. Шест пациенти се со потешка слика, ама не се на респиратори.
Министерот за здравство денеска на прес-конференција соопшти дека Институтот за јавно здравје по план ќе спроведе тестирање на 29 лица поврзани со Кожната клиника. Се работи за голема бројка, тие лица се сѐ уште во изолација и за да нема оптоварување во лабораторијата, ќе се тестираат луѓето во неколку циклуси.
Одделението за трансфузиологија во Охрид е целосно затворено, зашто персоналот бил во контакт со лице кое било пациент и отишло да подигне терапија. Дошло преку систем „Мој термин“, а имал коронавирус. Сите десет вработени се во домашна изолација. Целосно е преземена службата за трансфузиологија од одделнието во болницата „Еразмо Ротердамски“. Крвоснабдувањето во ниту една здравствена установа во Охрид не е загрозена.
Завршија испитувањата и во болницата во Кавадарци, ниту еден од персоналот нема позитивен тест. Согласно времето кога е остварен контактот, за дел од нив ова се смета за дефинитивен резултат, а за некои ќе се чека 14.ден. Одделението е затворено, извршена е целосна дезинфекција. Останатиот дел од болницата работи нормално.
Во Кумановската болница од заболените има три здравствени работници, од кои двајца лекари и една медицинска сестра.
Донесени се нови мерки во однос на Куманово.
- Целосно се укинува меѓуградскиот превоз помеѓу Куманово и сите други градови, се укинува градскиот превоз, се дава препорака да се затворат сите продавници во трговски центри кои не се во класични молови, а институтот за јавно здравје да има поинтензивен ангажман, со оглед на тоа дека едно од медицинските лица што се забоелни живее во околината на Куманово.
Филипче објасни дека секој што ќе почувствува симптоми треба да се јави кај матичниот лекар и системот „Мој термин“. Доколку пациентите имаат симптом – имаат епидемиолошки податок, треба да се јават на телефон кај матичниот лекар, кој после пополнување на електронскиот алгоритам, доколку треба ќе закаже термин во еден од 14-те пункта. Без закажување нема да може да се оди на овие пунктови.
На состанокот на Комисијата за етички прашања, беше одобрена комбинацијата за терапија на пациентите заболени кои се заболени.
Најмалиот пациент е двегодишно дете од Скопје, а најстариот има 91 година.
Венко Филипче
- Станува збор за семејство од Скопје, со локална трансмисија од други лица и родителите и детето. Тие се во стабилна клиничка состојба и се на домашно лекување.
На новинарско прашање Филипче објасни дека тестовите што се користат во Македонија се германски. Пациентката од Куманово спаѓа во исклучително мал процент кога вирусот не го детектира правилно.
- Ние практично спроведуваме форма на масовен скрининг, за пристап кон пациентите, овие тестови кои се со исклучително висока сензитивност, се индицира кога има епидемиолошки податок. Постојат и тестови кои ги анализираат антителата, кои не го детектираат вирусот, ами дали некој го прележал.