X
 25.02.2021 Здравје

Филипче: За 2 недели ќе заврши вакцинацијата на сите заинтересирани здравствени работници што работат со ковид-пациенти

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека околу 180 илјади граѓани се регистрирани во системот „Мој термин“ со возраст над 70 години и со хронични болести.

- Од нив 50-ина илјади се веќе пријавени преку веб-страницата Vakcinacija.mk или преку матичните лекари за вакцинација, меѓутоа, ние имаме и дополнителни механизми што ќе ги активираме да се повикаат. Тоа е нешто на што и сега тимот, кој е задолжен, активно работи. Важни се неколку работи, прво дека е исклучително висок процентот на здравствени работици што покажаа интерес да се вакцинираат. Во следниот период, не повеќе од 10 до 14 дена, ќе го завршиме процесот на имунизација на сите здравствени работници, близу 4.000 што работат со ковид-пациенти. Задоволни сме и од одѕивот и од тоа како се спроведува вакцинацијата - истакна Филипче.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје