За зрачењата, за 5Г-технологијата и физиката разговаравме со ценетиот проф.д-р Ивица Пулјак од Хрватска, отстапивме простор за ставовите во врска со просторниот и временскиот континуум на македонскиот јазик, што ги изнесе академик проф.д-р Љупчо Коцарев. Ги отворивме проблемите на немањето доволно наставен кадар во високообразовните институции, преку примерот на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер, кој годинава одбележува два значајни јубилеја. Во рубриката „ДАЛИ ЗНАЕТЕ“ пишувавме за најпознатиот минерал што го имаме во нашата земја.
проф.д-р Ивица Пулјак од Хрватска
Секое тело загреано на некоја температура зрачи електромагнетни бранови. Со оглед на тоа што сите тела имаат некоја температура - сите тела зрачат. Зрачи Сонцето, зрачат луѓето, вели за Факултети.мк
проф. д-р Ивица Пулјак, физичар од Хрватска. Обидувајќи се на многу едноставен начин да ја приближи науката до широката популација, тој на јутјуб-каналот почна емисија под наслов „Наука во пет“.
- Дали некој ви рекол колку зрачиш денеска! Тоа е така бидејќи навистина зрачите – вели тој во уводот во една своја емисија.
Со проф. Пулјак разговараме за основите на физиката, за зрачењето, како науката се употребува денес во медицината, какво зрачење ќе ни донесе 5Г-технологијата, дали ќе биде опасна за животот на луѓето. Интервјуто го објавуваме во рамките на серијата текстови посветени на 5Г-технологија каде што им отстапуваме простор на научниците да ги објаснат работите.
проф.д-р Зоран Трпоски, декан на ФДТМЕ
Десет години не е долго време за една високообразовна институција да застане на цврсти нозе. Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер од Скопје расте полека, но сигурно во врвен факултет, кој го препознаваат во регионот и во светот. Успешни проекти и дипломирани студенти со кои се гордеат професорите се дел од личната карта на факултет.
Разговаравме со деканот,
проф.д-р Зоран Трпоски за досегашните предизвици, но и што ги очекува во наредниот период.
- Струката дизајнер на мебел и ентериер е особено применета во нашето општество. А што поголема e применетоста - толку поатрактивен е студиум. Нашите колеги ги покажаа своите високи вредности во претпријатијата за производство на материјали од дрво и мебел, па сѐ до претпријатијата за проектирање на мебел и ентериер - вели проф.д-р Зоран Трпоски
Гимназија „Орце Николов“ - Скопје
Приемни испити ќе има во сите средни училишта во Македонија каде ќе се пријават повеќе ученици со просек 5.00 од предвидениот број за упис во прва година. Бирото за развој на образованието веќе ги има подготвено тестовите. Секој ученик ќе полага на јазикот на кој го завршил основното образование, велат од Министерството за образование и наука. Во време на вонредна состојба предизвикана од Ковид-19, уписите ќе се организираат во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести, врз чија основа ќе бидат изготвени протоколи.
Уписите ќе се вршат во три етапи. Првото пријавување и запишување на учениците е закажано за 16 и 17 јуни, а ранг- листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 18 јуни.
Бројот на ученици што се пријавуваат за полагање на државната матура во Македонија секоја година опаѓа за 500 до 1.000 ученици, зависно од годината. Пред неколку години имавме повеќе од 16 илјади матуранти, а лани матура полагаа 15.553 ученици.
Годинава имаме само 13.200, што значи 2.353 помалку од лани. Ако споредиме со 2012 година, кога сме имале 18.931 кандидат за полагање државна матура, бројките се навистина алармантни. На што се должи ова? За малобројноста на оваа генерација матуранти експертите велат има неколку причини.
Ова се децата родени за време на конфликтот во 2001 година, но и учениците со кои започна новата реформа во образованието – деветтолетка.
Академик Љупчо Коцарев
Во колумната за Факултети.мк,
академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ, ги коментира случувањата на релација Скопје – Софија. Според него, оваа колумна не е одговор на брошурата што неодамна ја подготви Институтот за бугарски јазик при БАН. Одговорот е познат повеќе од четириесет години, и е даден, со научни аргументи, од меѓународната лингвистика.
Во потесна смисла на зборот, интелектуалец е „образована личност чии интереси се учење и други активности што вклучуваат размислување и ментален напор“. До средина на 20 век терминот интелектуалец во англиското говорно подрачје се користи најчесто во негативен контекст. Причината за тоа е тесно поврзана со терминот интелигенција. Во англискиот јазик постојат два термина кои се пишуваат и изговараат различно, intelligence и intelligentsia, а кај нас се преведуваат со еден збор: интелигенција. Првиот термин се дефинира на различен начин и означува способност за разбирање, самосвесност, учење, расудување, планирање, критичко размислување и решавање проблеми. Вториот термин означува статусна класа на луѓе – интелектуалци, организирани или по идеологија или по националност, која се појавува во царска Русија (околу 1860 - 1870).
Елизабета Секирарска
Дали нашата онлајн-настава навистина им овозможи на нашите деца да научат и да знаат? Во ист контекст, само меморизираат ли, препознаваат ли, сфаќаат ли, оспособени ли се за примена на тоа што сме им го пренеле додека ги гледаме (или не ги гледаме) преку монитор? Прашува професорката Елизабета Секирарска во нејзината последна колумна.
Учебнава година полека завршува. Новите образовни формати во контекст на вирусот, кој речиси 3 месеци е дел од нашето секојдневие, наметнаа сеопфатни облици на приспособување, обиди за премостување на тешкотиите, преобликување на вообичаените начини на комуникација, а за волја на вистината, и форми на импровизации кои се покажаа како неизбежни во услови на реално недоволната подготвеност за овој силен предизвик.
фото: Wikimedia
Се наоѓа на јужниот дел од земјава, на околу 40 километри од Кавадарци. Зафаќа делови од планините Козјак и Кожув. Многумина мислат дека Алшар е неговото прастаро име, сепак, оригиналното име му е Мајден, по истоименото село до рудникот.
Таму е пронајден минералот
лорандит - талиум арсен сулфид, кој иако е редок, е најчестиот минерал на талиумот. Лорандитот се користи за детекција на сончево неутрино преку одредена нуклеарна реакција во која е вклучен и талиумот. Има кристална структура и може да се синтетизира и во лабораториски услови.
Лорандитот првпат е откриен во рудникот Алшар, кај Кавадарци, во 1894 година. Минералогот Кренер открил нов минерал во рудникот Алшар кај Кавадарци и го нарекол „лорандит“ во чест на унгарскиот голем научник, баронот Лоранд Етвос.
Емилија Мицевска
Како ја преживуваат корона-кризата актерскиот пар Емилија Мицевска и Филип Трајковиќ, актери во Драмскиот театар во Скопје? Живеат во с.Соње, во куќа и тоа им е олеснителна околност. Признаваат дека на почетокот промената тешко им доаѓала, посебно да се биде далеку од семејството, од пријателите, од театарот. Но, се помириле. Дури и свадбената церемонија што ја планирале за летово, ќе мора да почека заради состојбата, но тоа не ги обесхрабрува.
Мицевска и Трајковиќ имаат доста проекти заедно. Последни проекти им беа „Мојот маж“, „Кралот Иби“, а од претставите од поодамна играа заедно во „Вера, надеж, љубов“, „Буре барут“, „Јов“ и др.