Кина наскоро можеби ќе ги проверува сите коментари што ќе бидат објавени на социјалните мрежи. Минатата седмица интернет-регулаторот на Кина објавил предлог-правила со кој сите платформи би требало да ги проверуваат коментарите пред тие да бидат објавени.
Платформите треба да известат за каква било нелегална или лоша информација кај властите. Новите правила имаат цел да ја зачуваат националната безбедност и јавните интереси и да ги заштитат правата на граѓаните, според регулаторот.
Корисниците на социјалните мрежи во Кина стравуваат дека предложените правила би можеле да го нарушат правото на слобода на говор.
Кинеските платформи и досега ги цензурирале објавите кои ја критикуваат владата или кои се чувствителни политички и културно, како објави за недостаток на храна во Шангај за време на забраната за движење поради ковид-19. Меѓутоа, коментарите досега не биле детално следени.
Извор:
Insider
Насловна фотографија: Freepik