X
 08.11.2018 Култура

Најдобрите 100 филма на сите времиња од неанглиско говорно подрачје

Она што се квалификува како филм од неанглиско говорно подрачје е во „увото“ на набљудувачот, дури и ако глобалната доминација на Холивуд ефективно ја прави категоријата да се однесува на кој било филм на друг јазик освен англискиот.

Овие блокбастери се создадени, пред сѐ, за меѓународната публика. Одиме на кино за да се забавуваме, но и да останеме шокирани, изненадени, заинтригирани, да влеземе во животите на луѓето што можеби никогаш нема да ги сретнеме. Меѓународните филмови, дури и во своите експериментални отстапувања, ги почитуваат универзалните конвенции што на публиката ѝ овозможуваат да влезе во тие филмови, без разлика на кој јазик ги слушаат.

Не залудно се вели дека јазикот на филмот е универзален, како што пишува Би-би-си во воведот на листата со100 најголеми филма од неанглиско говорно подрачје.



Ако досега сте избегнувале да гледате некои од најголемите филмови од неанглиско подрачје, поради јазикот или слично, никогаш не е предоцна да го надминете вашиот отпор и да откриете како културното богатство на светската кинематографија сѐ уште зборува на меѓународен јазик. И нема да погрешите со листата на Би-би-си со оглед на тоа што е составена од 209 критичари од 43 различни земји што зборуваат вкупно 41 различен јазик.

Францускиот може да се каже дека е меѓународниот јазик на реномираното кино, со 27 од највисоко рангираните филмови на тој јазик. По него следуваат 12 филма на мандарински, 11 на италијански и 11 на јапонски. Цела четвртина од листата со филмови е од Источна Азија - Јапонија, Кина, Тајван, Хонг Конг и Јужна Кореја.



- Ако постои нешто разочарувачко во врска со финалната листа, тоа е недостигот на филмови режирани или корежирани од жени - само 4 од 100 - вели Би-би-си.

Подолу се првите 10 филма од листата, а ТУКА можете да ги погледнете преостанатите.

„Seven Samurai“ (Акира Куросава, 1954)
„Bicycle Thieves“ (Виторио де Сика, 1948)
„Tokyo Story“ (Јасуро Озу, 1953)
„Rashomon“ (Акирa Куросава, 1950)
„The Rules of the Game“ (Жан Реноа, 1939)
„Persona“ (Ингмар Бергман, 1966)
„8 1/2“ (Федерико Фелини, 1963)
„The 400 Blows“ (Франсоа Труфо, 1959)
„In the Mood for Love“ (Вонг Кар-ваи, 2000)
    La Dolce Vita (Federico Fellini, 1960)
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура