X
 12.04.2021 Здравје

Филипче: Почнавме постапка за ограничување на цените во приватните болници за ковид-пациенти

Министерот за здравство Венко Филипче денеска соопшти дека е почната постапка во однос на цените за лекување на ковид-пациенти во приватните болници. Тој посочи дека до Владата е поднесен предлог за измена на Законот за здравствена заштита, со кој се предвидува ограничување на висината на наплата на финансиски средства за пациенти што се лекуваат од коронавирус.

Министерот Филипче информира дека денеска ќе пристигнат 2.000 кинески вакцини на аеродромот во Софија, а возило од Македонија веќе е на пат кон Бугарија за да ги донесе вакцините.

- Денеска ќе пристигнат 2.000 кинески вакцини на аеродромот во Софија, а нашето возило е веќе на пат кон Бугарија за да ги донесе. Овие дози ќе бидат додадени на сегашниот систем за вакцинација. Хронично болните ќе се вакцинираат согласно возрасната група, а во секоја возрасна категорија над 50 години е огромна бројката на пациенти со хронични болести. Апелирам да има трпение, системот функционира - рече Филипче.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје