X
 24.07.2024 Култура

Никол Кидман во нова драматична мини-серија на „Нетфликс“ базирана на книга

Серијата „Совршениот пар“, базирана на бестселерот на Елин Хилдербранд, ќе има шест епизоди, а заплетот ја следи приказната за навидум совршена свадба која ќе се претвори во кошмар.

Главната актерка треба да се омажи со човек од едно од најбогатите семејства во Нантaкет. Нејзината незадоволна идна свекрва, позната романсиерка, не штеди пари за планирање на она што треба да биде најпрестижната венчавка, до моментот кога на плажата ќе се појави мртво тело.

Тогаш започнува драматична истрага, а гледачите се вовлечени во виор од сомнежи и обвинувања. Сите гости се потенцијални осомничени.

Никол Кидман ја глуми свекрвата, која можеби знае повеќе отколку што признава, со оглед на тоа што застрашувачки тајни почнуваат да излегуваат на површина, а се чини како истрагата да е препишана од страниците на нејзините романи.

Режисер на мини-серијата е оскаровката Сузан Бир.

За љубителите на мистеријата и драмата, „Совршениот пар“ носи совршена комбинација на напнатост, гламур и интрига. Премиерата е закажана за 5 септември на „Нетфликс“.



Извор: Lola Magazin
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура