X
 24.08.2018 Живот

Тажните детали за болката на Шумахер

Долгиот и тежок пат за опоравување на Михаел Шумхаер редовно се нарекува најдобро чуваната тајна на спортот. Семејството на легендата на Формула 1, долго време го криеше закрепнувањето на Шумахер од ужасната мозочна повреда здобиена во 2013 година, додека Шумахер скијал.

Во 2015 година адвокатите потврдија дека тој не може да оди или да стои сам и не може да го користи говорот или меморијата. Сега, пет години по несреќата, излегуваат свежи детали за борбата на седумкратниот шампион.

детали
Фото: Getty Images


Околу 15 луѓе, од специјалисти до физиотерапевти, му помагаат на Шумахер во неговиот дом. Терапевтските сесии вклучуваат пуштање на звуци на Ф1 мотори и охрабрување на Шумахер да управува со „Волксфаген Голф“ околу неговата вила во надеж дека ќе се врати неговата меморија.

Дневните сесии со физиотерапевтите, наводно започнале да покажуваат некаков напредок, иако мал, па така Шумахер може да направи неколку движења во неговиот базен.

Двајца анонимни роднини, кои биле во посета на Шумахер, откриваат дека тој повремено добива силен наплив на емоции.

-Кога ќе го ставите во неговата инвалидска количка со поглед кон прекрасниот пејзаж, планините и езерото, Михаел понекогаш плаче - пишува списанието „Париз Меч“.

Свежите информации за битката на Шумахер доаѓаат откако неговиот син Мик сподели детали за односот со неговиот татко во интервју за Би Би Си. Тој се надева дека ќе ги следи стапките на неговиот татко и ќе стане успешен возач на Формула 1.

-Татко ми имаше огромно влијание врз мојата кариера. Тој беше мојот идол и јас го следам сето она што тој го правеше за да видам дали може и мене да ми послужи. Целта е да победам во Формула 1. Треба да покажам што треба да направам. Тоа е мојата цел. Сакам да докажам дека сум вистински возач, а не само да покажам дека го носам истото име - вели Мик.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот