Парискиот музеј „Лувр“ денеска ја отвора изложбата посветена на 500-годишнината од смртта на славниот сликар Леонардо да Винчи. На неа ќе се најдат дела на уметникот од самиот трезор на музејот, но и од други институции низ светот.
Изложбата ќе опфати околу 160 негови дела – слики, десетина научни трудови и нацрти, како и слики на други уметници од неговото опкружување.
Посетителите ќе можат да уживаат и во виртуелен приказ посветен на „Мона Лиза“ – можеби најпознатото дело на Да Винчи, кое се наоѓа во редовната постава на парискиот музеј.
Изложбата ќе трае до 24 февруари следната година. „Лувр“ до понеделникот имаше продадено 220.000 влезници.
Извор: МИА