X
 24.11.2022 Живот

Во Косово почна рушењето на вили-дивоградби покрај Батлавското Езеро

Денеска почна рушењето на пет вили изградени без дозвола покрај Батлавското Езеро во Косово.

Одлука за рушење на вилите донесе Инспекторатот од Општината Подујево, пишува косовска „Коха“.

Весникот пролетта известуваше дека покрај езерото се сече шума за да се направи простор за вилите. Според пишувањата, Централниот инспекторат за шумарство и лов, кој дејствува во рамките на Агенцијата за шуми на Косово, нашол формула која овозможувала илегално градење без никакви пречки. „Коха“ известуваше дека таа институција ја констатирала ситуацијата, но не презела мерки, туку само го пријавила случајот во Министерството за животна средина, кое, пак, немало компетенции. Така, некои луѓе ја искористиле оваа ситуација, но и пандемијата и институционалниот вакуум за време на локалните избори за да си изградат вили и да си ги претворат во бизниси така што ги издавале на туристи.

„Коха“ во мај пренесе дека покрај езерото има 39 објекти изградени без дозвола, а за 13 се донесени одлуки за рушење, кое тогаш не беше почнато поради жалби на сопствениците.

Погледнете како изгледа рушење на дивоградби.

 
Извор и фото: Koha

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот