X
 05.03.2023 Живот

Жителите на Шкотска, Ирска и Англија споделуваат неверојатни фотографии од поларната светлина

Зелени, виолетови и розови бои на поларната светлина се појавија на ноќното небо над Британија и Ирска, создавајќи неверојатна глетка за жителите на оваа земја.

Небесниот феномен познат како поларна светлина обично е највидлив во близина на Северниот и Јужниот Пол на Земјата, кога наелектризираните честички со голема брзина се судираат со молекулите на гасот во горната атмосфера на Земјата.

Повремено оваа појава може да се види и на ноќното небо над Британија.

Националната метеоролошка служба на Обединетото Кралство прогнозира услови во Обединетото Кралство за недела навечер, велејќи дека поларната светлина ќе биде видлива во централна Англија.

Интернет-корисниците ги споделија нивните фотографии направени од овој небесен феномен.

- Кому му треба патување до Исланд кога можете да ја видите поларната светлина во горен Венслидејл - пишува еден британски граѓанин.

Друг сподели снимка направена во близина на Лондон пишувајќи: - Поларна светлина во Сент Албанс, Хертфордшир вечерва. Неверојатно.

Метеоролошката канцеларија подоцна сподели серија фотографии направени од набљудувачите на небото на шкотскиот остров Северен Јујст, селото Лисфаен на северниот брег на Велс и Кембриџшир и Шропшир во Англија.

Извор: The Guardian
Фото: Met Office/Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот