X
 24.12.2017 Култура

Што никогаш не треба да правите во книжарница?

Книжарниците не се само продавноци. Не се ниту храмови на зборови, ниту библиотеки. Тие се специфични места во кои се развива зависност од миризбата на штампана боја. Тие се засолништа на луѓето со гладен дух и во некои случаи, мирно пристаниште надвор од времето.

Тие можат да ви го разубават денот, квалитетно да го скратите времето на чекање и да пронајдете сеќавање. Така и треба да биде.

Но никако не треба:

1. Да читате, читате и читате најмалку по 20 страници од секоја книга што ќе ја фатите.
2. Да допирате сè  - од сликовница до енциклопедија.
3. Да викате и да се надвикувате.
4. Од врата да прашате било какво прашање.
5. Ги оставате книги насекаде низ книжарницата.
6. Доаѓате со тв препорака - насловот не го знаете, а за авторот никогаш не сте слушнале.
7. На продавачот/продавачката му/ѝ кажувате која книга се ја прочитале пред 25 години за да се види дека сте најчитани.
8. Прашувате за препорака, па ги превртувате очите при секој предлог.
9. Ако книгата е распродадена, прашувате во која друга книжара може да се најде книгата, и секако прашувате зошто е распродадена.
10. Прашувате кога Хосеини ќе објави нова книга.
11. Прашувате што има ново од Мом Капор
12. До детали ја раскажувате новата епизода од „Игра на тронови“.
13. Го грешите името на авторот, насловот и бирате книга според дизајнот.
14. Избирате книга исклучиво по деебелина, односно тежина, бидејќи се за на плажа.
15. Се лутите ако продавачот/продавачката не знае која книга со црвена корица и бели букви минатата недела била на излогот.
16. Барате нешто слично на делата на Едгар Алан По, но да не е научна фантастика, да е современо, крваво и да не е хорор.
17. Велите дека приказните на Андриќ се неговите најслаби дела.
18. Се кикотите додека купувате еротски роман.
19. Препишувате рецепти од книга за готвачи.
20. Барате речник со изрази, го проверувате изразот што ве интересира и потоа го враќате речникот.
21. На децата им купувате исклучиво скратени изданија од лектирите.
22. Барате сликовница за дете од 12 години и роман за пегодишник (не, не е грешно напишано).
23. Се зачитувате и ги пуштате децата да ви трчат по книжарницата.
24. Предлагате наместо „Втората смена“ на училиште да се воведе „Хари Потер“.
25. Непоканети, без прашање, на купувачот што се наоѓа близу вас му предлагате книга и притоа му го кажувате крајот.
26. Го барате вашиот „продавач“ бидејќи овој тука не знае ништо.
27. Уште од вратата известувате дека читате само сериозна литература во ова несериозно време.
28. Бидејќи ви кажуваат дека е снимен и филм базиран на книгата што ве интересира, моментално одлучувате да го изгледате филмот - кој ќе чита кога има филм.
29. Смислувате содржина и барате таква книга да ви биде најдена.
30. Од продавачот барате да ви каже што прочитал и му велите обавезно да го прочита она што вие го цените.

Потребно е да се каже дека ова се вистински настани и искуства, намерно ублажени. Луѓето кои се препознаваат никогаш нема да го признаат тоа.

Постојат уште многу работи што не се прават во книжара: не се влегува со храна, валкани раце, бесен, додека се телефонира, само да купите нешто фантастично додека автомобилот ви е паркиран несоодветно и имате 75 секунди. Но тоа се веќе прашања на бонтон и некултура, а за тоа нема место во книжарница.

Ниту во овој текст.

Автор: Јасна Дреновац
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура