Подготовките за судниот ден порано беа на листата со параноични хобија на поединци, но според резултатите од најновите анкети, Американците од април 2022 година до април 2023 година потрошиле 11 милијарди долари на предмети за преживување. Околу една третина од американските граѓани признаваат дека се подготвуваат за апокалипса, додека најбогатите се и повеќе од подготвени.
Богаташите трошат стотици милиони долари за обезбедување подземни комплекси, приватни острови и станови. Кон крајот на минатата година се прошири веста дека Марк Закерберг гради скриена тврдина под својот ранч на хавајски остров, со сопствена електрична енергија и резерви храна, како и врати отпорни на експлозија.
Фото: Facebook/Luxury Survival Condo
Милијардерот Френк Вандерслот, најбогатиот човек во Ајдахо, неодамна купи ранч од 2.000 хектари јужно од имотот на Закерберг за 51 милион долари. Извршниот директор на „Оупен еј-ај“, Сем Алтман, изјави дека тој и Питер Тиел, коосновач на „Пејпал“, се договориле да се кријат на еден од имотите на Тиел во Нов Зеланд доколку дојде крајот на светот.
Во 2022 година локалниот совет на заедницата во Јужен Нов Зеланд ги блокира плановите на Теил да направи бункер до заштитеното езеро Ванака. Убавината и оддалеченоста на Нов Зеланд од копното го направија популарен избор на елитата на Сицилиумската долина, која бара ваков тип на одбрана во услови на војна, елементарни непогоди или нешто слично.
Фото: Lori Dill
Минатата година непрофитното здружение на физичари и истражувачи го постави часовникот на судниот ден на 90 секунди до полноќ, со што човештвото е најблиску до пропаст во 76-годишната историја на часовникот.
Фото: Rising S Company
- Војната меѓу Русија и Украина покрена прашања за тоа како државите комуницираат меѓусебно. Нарушени се нормите на меѓународното однесување. Прикриените закани на Русија за употреба на нуклеарно оружје се потсетник дека ескалацијата на конфликтот е огромен ризик - објаснува непрофитното здружение на физичари и истражувачи под чија надлежност е часовникот.
Генерацијата З, оние родени по 1997 година, велат дека се подготвуваат за катастрофа, така што 50 отсто од нив потрошиле пари на резерви за судниот ден во 2022 година, покажуваат податоците од истражувањето спроведено од „Фајндер“.
Извор:
Dailymail.co.uk
Фото: Меga