X
 25.06.2020 Образование

Кандидатите за ректор на УКИМ, Живковиќ, Атанасов и Димитриевски ќе ги бојкотираат утрешните избори

Ниту ги признаваме ниту ќе учествуваме на вакви недемократски избори за ректор на УКИМ, закажани за утре, со кои му се нанесува огромна штета на нашиот универзитет – соопштија денеска тројцата кандидати за ректор  Вујица Живковиќ, Петар Атанасов и Драги Димитриевски. Тие ги повикаа „колегите – наставниците, соработниците и студентите, како и сите членови на изборните комисии да останат достоинствени и сами да одлучат дали ќе учествуваат на изборите.

Димитриевски ни објасни дека тие ги ставаат кандидатурите во мирување, додека не се создадат законски услови за реализација на изборите. Ја известиле и Универзитетската изборна комисија. 


Тие додаваат дека очекувале министерот за образование и наука Арбер Адеми, Државниот просветен испекторат како надлежна институција, како и останатите институции во државата да преземат дејствија во правец на заштита на законитоста, односно сопирање на постапката за избор на ректор на УКИМ.

- За жал, до овој момент тоа не се случи. УКИМ ги живее своите најцрни денови. Хипокритски методи наместо хипократовски пристап, уценети органи и тела на универзитетот, притисоци од најтежок вид, злоупотреба на најхуманата професија за лични цели. Глумење демократија, немање траснпарентност, лош менаџмент, слаби резултати на секој план. Континуирано, од март годинава, спротивно на Законот за високо образование, на Статутот на универзитетот, како и на други закони и акти, но особено спротивно на елементарните демократските практики, на УКИМ му е одземено правото да добие ректор во транспарентна, објективна и фер процедура. Професорите и студентите се спречени директно да се запознаат со програмите на кандидатите, да им постават прашања, а кандидатите да дебатираат меѓу себе за сите теми. На нашите колеги им е оневозможено да одлучат врз основа на информирана определба – велат кандидатите.

Изборите за ректор на УКИМ се закажани за утре.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование