Неодамна на „Фејсбук“ била споделена фотографија од интересен исечок од весникот „Јутарњи“ од 1923 година на страницата „Ретротека“. Исечокот покажува како изгледало допишувањето преку огласи во овој период.
Весникот имал посебна рубрика насловена „Допишување“, во која граѓаните можеле да ги бараат своите сродни души под шифрирани пораки, но и да објавуваат пораки за нивните партнери. Меѓу огласите може да се види откажување на состанок.
- Состанокот нема смисла, нема да дојдам. Маријан, самоборска станица - стои во огласот.
Бил објавен и оглас во кој некој бара личност за допишување, додека една жителка барала господин кој го сретнала во воз.
- Момче на возраст од 20 години сака да се допишува, да шета и да се забавува со една интелигентна госпоѓица поради скратување на зимското време. Не смее да биде постара од 17-18 години. Ценените понуди да се испратат до раководството - стои во еден оглас.
Извор:
Klix
Насловна фотографија: Pixabay